Vila Nektarios

2

Мин. кревети

6

Макс. кревети

6

Макс. гости

5+

Соби/Апартмани

Вила Нектариос Б категорија, се наоѓа во Полихроно, на прва линија до плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу.

Вилата нема сопствен паркинг. Сите соби се опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме).

Во услугата не се вклучени пешкири. Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица.

Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со шибер врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената.

Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еден спален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море.

Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла.

  • Цените се изразени за НАЕМ на Студио / Апартман за 7 ноќевања
  • Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска противвредост од 62мкд.
  • Напомена: првите три термини и последните два се промо цени и на нив не следува попуст
  • -15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2023, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2024
  • -10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024
  • -7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

Вилата вклучува

  • ТВ
  • WiFi
  • Кујна
  • Паркинг
  • Клима

Превоз

Локација

Побарај понуда

Останати вили

Vila Ionian View

Јонско Море - Јонски Брег

459.00

CELESTYAL CRUISES

CELESTYAL IDYLLIC