Мин. кревети
Макс. кревети
Макс. гости
Соби/Апартмани
АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.
Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.
Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5еур на ден. Трокреветната соба на приземје е со дупли кревет и кревет на спрат (слики во прилог)
Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.
Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
Време на поаѓање за Лефкада:
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* за уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број НЕ може да се смести ПЛУС ЛИЦЕ
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
* Важат Општите услови на СКТМ и ТА “ЈК ТРАВЕЛ“
Нова локација на JK Travel во Аеродром – во трговски центар
☎️02 2403 800
☎️070 409 800
You Must Logged In to Add wishlist