Vila Porto Fino

2

Мин. кревети

3

Макс. кревети

4

Макс. гости

5+

Соби/Апартмани

Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани  студија за 3 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!

    • – одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии (максимум капацитет 3+1дете до неполни 6год кое спие со родители)
    • – приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
    • – иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
    • – прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри.

Oва место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес.

Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус.

Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

  • Климата е со доплата 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст, доколку нема актуелен попуст
  • Првите два и последните два термина се промо цени и на нив не следува никаков попуст
  • -10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2024
  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Вилата вклучува

  • ТВ
  • WiFi
  • Кујна
  • Паркинг
  • Клима

Превоз

Локација

Побарај понуда

Останати вили

Vila Ionian View

Јонско Море - Јонски Брег

459.00

CELESTYAL CRUISES

CELESTYAL IDYLLIC

Vila Tania

Касандра

Vila Velisarios

Јонско Море - Јонски Брег

Vila Dina

Јонско Море - Јонски Брег

Hotel Akrothalassia

Пиериа - Лептокарија