Мин. кревети
Макс. кревети
Макс. гости
Соби/Апартмани
Амудиа е мало рибарско место во општината Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.
Вила Вагиа се наоѓа на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување, 50m оддалеченост од плажа. Вилата се состои од студиа за две или три лица и апартмани за 4 лица, опремени со сопствена кујна (опремена со основен прибор за готвење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур за студио и 7 еур за апартман (на лице место). Студијата се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса која гледа кон море. Апартманот се наоѓа на први спрат и гледа кон море, погоден за 4 лица, составен од две спални од кои во едната е француски спален кревет, а во другата со два стандардни кревети и кујна опремена, тоалет, ТВ, Клима (со доплата од 6 еур на лице место)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:
Време на поаѓање за Врахос:
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
Нова локација на JK Travel во Аеродром – во трговски центар
☎️02 2403 800
☎️070 409 800
You Must Logged In to Add wishlist