крстарење
Поминете 8 дена на Егејското Море, посетете ги Кушадаси и Ефес на турскиот брег и грчките острови Крит, Санторини, Миконос, Милос, посетете ја Атина. Побрзајте со резервации – искористете ја најповолната понуда и крстарете по најдобра цена!
Едно од најпопуларните крстарења во нашата понуда е секако Идиличниот Егеј. Крстарењето трае 8 дена (7 ноќевања) и вклучува застанувања во Кушадаси (Турција), Хераклион (Крит), Санторини, Миконос, Милос и Пиреа (Атина). Осмиот ден бродот се враќа на почетната точка – Солун.
На ова незаборавно крстарење, ќе имате можност да ги одморите очите гледајќи ги сончевите бревоги на Егејското Море, да посетите некои од најубавите и најпознатите грчки острови, да се запознаете со богатата грчка историја, култура и традиции на локалното население и да ги пробате уникатните специјалитети од локалната кујна.
Препуштете се на автентичните вкусови на медитеранската кујна, во набљудувањето на прекрасните пејзажи и посетете ги шармантните поморски локалитети и археолошки локалитети лоцирани во близина на пристаништето. Посетете го древниот Ефес и откријте ги тајните на еден од најдобро зачуваните антички градови во овој дел од светот. Дознајте зошто островите Санторини и Миконос се едни од најексклузивните места за одмор во Грција и зошто Милос е дијамантот на Кикладите. Посетете ја Атина и нејзиниот Акропол и запознајте ги знаменитостите на еден од најстарите градови.
Поаѓањата се од Солун, секоја недела почнувајќи од март до октомври.
CELESTYAL PLUS пакет 240 € по лице / Sky High пакет пијалоци
• Превоз до и од пристаништето;
• Задолжително патничко осигурување;
• Пијалоци на бродот кои не се вклучени во пакетот;
• Факултативни екскурзии во органзација на Celestyal;
• Користење на спортски терени на бродот;
• Користење на мини барот во кабина;
• Забава во казино
• Останати лични услуги на бродот (интернет, фотографија, салон за убавина, room servi
Нова локација на JK Travel во Аеродром – во трговски центар
☎️02 2403 800
☎️070 409 800
You Must Logged In to Add wishlist