Мин. кревети
Макс. кревети
Макс. гости
Соби/Апартмани
Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бел песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.
Вила Дина се наоѓа на 90 метри од плажа, на 4 мин пешачење. Лоцирана е на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување.Вилата се состои од студија за три лица и двоспaлни апартмани, опремени со сопствена кујна (опремена со прибор за готвење и јадење) тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур (на лице место) за студиа и 7еур ( на лице место) за апартман. Студијата и апартманите се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:
Време на поаѓање за Врахос:
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
Нова локација на JK Travel во Аеродром – во трговски центар
☎️02 2403 800
☎️070 409 800
You Must Logged In to Add wishlist